You are here: Дома Извештаи

Saraski.com.mk

Шара Ски | Извештаи

29 – то ТРАДИЦИОНАЛНО ИСКАЧУВАЊЕ НА ТИТОВ ВРВ 2010г.

 

29 – то ТРАДИЦИОНАЛНО ИСКАЧУВАЊЕ НА 

ТИТОВ ВРВ 2010г.

    Недела 30 мај, ден кој секој ќе го памети по 29-то традиционално искачување на Титов Врв. Ден пред тоа најавите за врнежливо време не ги спречи сите кои беа дојдени на Попова Шапка со една единствена цел да се забавуваат и го искачат врвот.

Повеќе...
 

По трасата на гасоводот

 

PO TRASATA NA GASOVODOT

 

    На 16.05.2010г (недела) во организација на Планинарското друштво Макпетрол од Скопје беше организиран третиот по ред планинарски марш  ПО ТРАСАТА НА ГАСОВОДОТ.

Повеќе...
 

XXI ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО


XXI
  ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ 

ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ - МУРАТО

 

    Во чест и слава на првиот македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот Еверест од 7-9.05.2010г. ПСК Пелистер од Битола го организира XXI – от Традиционален марш Димитар Илиевски – Мурато.

Повеќе...
 

11-ти МЕМОРИЈАЛЕН ПОХОД ЧЕТИРИТЕ АЛПИНИСТИ

                  11-ти МЕМОРИЈАЛЕН ПОХОД  ЧЕТИРИТЕ АЛПИНИСТИ

 

  • Осврт на настаните пред 11 години

 

         На 6 декември 1998 година на местото Голема Бабина Дупка под врвот Солунска глава трагично загинаа четири алпинисти на клубот Исак Русо Влатко Боцевски, Борислав Ристоски, Огњан Филипоски, Предраг Толмачев.

Повеќе...
 

Извештај Лешница 2009

ИЛИНДЕНСКИ СЛЕТ 2009

Во организација на Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово на 2 август по повод Македонскиот национален празник Илинден се одржа 55 – од Илинденски слет Лешница 2009г.

Повеќе...
 

Извештај Голем Кораб 6.9.2009

ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ КОРАБ 2009

 

         По повод Денот на независноста на Република Македонија 8 – ми Септември Планинарскиот клуб Кораб од Скопје и оваа година на 6.09.2009г. (недела) ја организираше 18–та по ред традиционална меѓународна планинарска акција ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ КОРАБ.

Повеќе...
 

Извештај Шарски Води 2009

ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДСКИ МАРАТОН

 

ШАРСКИ ВОДИ 2009

 

ПОПОВА ШАПКА – МАВРОВСКО ЕЗЕРО (БУНЕЦ)

 

    На 14.06.2009г. во организација на Друштвото за планинарски спортови Шара ски од Тетово и Друштвото на планинарски спортови Трансверзалец од Скопје се одржа III Планински велосипедски маратон Шарски води 2009 од Попова Шапка до Бунец на Мавровско езеро. Стартот на мааратонот беше во 7 30 пред Планинарскиот дом Смрека на Попова Шапка а целта беше  пред Детското одморалиште Бунец на Мавровското езеро. На маратонот зедоја учество околу 350 учесници кои преку организиран превоз допатуваа од Скопје Тетово Охрид  Куманово Кичево и други градови од Македонија. Маратонот беше од рекреативен карактер и сите учесници кои стартуваа  го завршија маратонот.

Повеќе...
 

Извештај Титов Врв

  На 28 традиционално искачување на Титов врв организирано од страна на Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово зеде учество и нашето планинарско друштво Шара ски. На ова искачување учествувавме со 9 планинари и сите се искачија на врвот. Бевме сместени во нашиот планинарскиот дом кој се наоѓа во дел од Манстирскиот комплекс на Попова Шапка.

Повеќе...
 

Планински велосипедски маратон Шарски Води

  На планинскиот велосипедски маратон Шарски води 2008г. кој се одржа на ден 22.06.2008г. (недела) зедоја учество 6 членови на нашето Друштво. Групата ја сочинуваја Мики (водач) Вали, Илија, Тихе, Ицо и Бурде. Стартот на маратонот беше во 7 часот пред планинарскиот дом Смрека на Попова Шапка а крајната цел беше село Вруток. На стартот имаше околу 100 учесници. Патеката која требаше да се извози овој ден беше долга околу 80 км. Денот беше сончев патеката беше убаво обележена и имаше идеални услови за возење.

Повеќе...
 

Извештај Лешница 2008

Лешница 2008 (Mountbike) 

  Група од 5 членови на нашето Друштво во состав Мики, Тихе, Симон, Илија, Пајчо на 31.08.2009г. (недела) со велосипеди се упатија кон Лешница. Договорено беше да тргнеме во 7 часот но времето не ни беше наклонeтo беше облачно и имаше можност да заврне дожд но набргу изгреа сонце со што се создадоја идеални услови за возење. 

 

Повеќе...