You are here: Дома Попова Шапка

Saraski.com.mk

Шара Ски | Попова Шапка

Попова Шапка

Зимскиот туристички центар Попова Шапка е сместен на падините на Шар планина на 1700 метри надморска височина. Овој центар е оддалечен 18 км од Тетово и на 53 км од Скопје главниот град на Република Македонија. Мошне добро е поврзан со асвалтрен пат и гондолна жичарница во должина од 7км и често пати е посетуван од голем број домашни и странски туристи како во зимскиот така и во летниот период.  Скијачките патеки на Попова Шапка достигнуваат до 2500 метри надморска височина. Има повеќе ски – лифтови и жичарници што им стојат на располагање на скијачите и туристите. Должината на патеките изнесува околу 10км со капацитет од 8000 скијачи за еден час.   Скијачкиот центар Попова Шапка се карактеризира со голем број сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај.
На Попова Шапка секоја година се организираат повеќе спортски настани од домашен и меѓународен карактер. Пред се тука се мисли на Шарпланинскиот куп во скијање кој е еден од најквалитетните спортски настани во Македонија.